Завиткај си ја својата глава
под ќебето. Лудувај.

Земи го сопствениот здив. Ти си
гола птица во своето херметичко гнездо.

Мисли. Мисли. Спиј.

Стани. Шетај. Сега рацете ти се слободни
самите носат. Носи се

поблиску до мене. Носи се надвор од своето тело
и залулај ме внатре.

 

Превод: Зоран Радически