Светскиот ден на поезијата,
е ден кога е можеби подобро да не сретнеш поети.
Излегувам со лабрадорката Луна во паркот.
Една жолта пеперуга
– во името на првиот ден на пролетта –
ја црта својата патека на слободата од земјата до небото.
Ми се чини како сите да сме создадени од сонце.
Сепак, останува невидливо како се создава поезијата на светот.
Како оној цртеж на пеперугата во воздухот
за кој не знаеш ни дали е тука,
веќе го нема.

 

Превод: Никола Кукунеш