Од врвот на карпите водата се фрла
со главата удолу –
умира со кипење на пена
како искипено ледено млеко,
се дуе во облак,
во огромна воздишка од пареа
и летнува нагоре во небото.
Водата е млада.
Водата не помудрила.
Водата не знае за сомнеж.
Водата си верува
дека може
да ја претвори бавноста на реката
во нешто чисто и лесно,
полесно од нејзината суштина,
повисоко од воздухот.
Водата си верува
и од верата станува различна,
станува пожива од себе.
Станува прекрасна.

Превод: Богомил Ѓузел