… во меѓувреме, по ѓаволите…

Некој,
некако скришум, да речеме,
во тенко шише си полнеше љубовна пот
и страниците на книгата ги превртуваше со јазик.

Белото семе ги истера цвеќињата од кошулата
иако не знаеше дали ќе оди понатаму
иако не ги знаеше фиданките кои во матката
немаше да никнат никогаш.

Семето верува – во овој или оној свет,
во јасна форма или во потајна,
Ти и јас ќе бевме заедно
или кратко речено: ти нема да бидеш сама.
Во тенкото шише некој собира страв.

И ти не остануваш надвор.

Превод: Ресул Шабани