Тргни
кон
пулсирачкото бегство
на кревката светулка,
улови ја!
Иразбери
не доаѓа ли
по неа
Големата љубов?
Зоuпо доцни?
Не верувај им
на ѕвездите –
тие се само
студени одблесоци
и мртви.
Светулката е плот.
Насока бела!
Земи ја
во дланките
и прашај ја:
– Зошто доцни
Големата љубов?
И нека
твојот вик
се распарчи
во небото црно
на безброј честички.
Да падне, слично на дожд,
надолу-
контебе
и кон другите.
Не запирај го
долго нејзиниот лет!
Знај
дека никој
не може да си ја заборави
мечтата
Тргни
кон Вселената
и викај:
– Зошто доцни
Големата љубов?!
Превод: Никола Кукунеш