Одам меѓу вас, дишам глина,

Сѐ што допирам е замачкано со црвеница,

Вие кои ме создададовте нема лесно да го заборавите денот

Кога вашите пресметки и вашата магија ме родија.

Ќе ги створам моите земски генерации

Според мојот лик, ќе ја победиме вашата суета,

 

Ќе ве преобразиме за вашата долгопосакувано раширување

На хармонија и блаженство. Но, знајте го ова: рајската

Среќа ќе ви ја бара душата за новиот здрав разум:

Оние што ќе ги сториме разумни, први треба да ги уништиме.

 

 

Превод: Елида Бахтијароска