Ко дете живеев приказна.

Во неа беа измешани

четирите елементи и други нешта.

 

Со одредена невиност, тогаш веќе младич,

ја запишав таа приказна.

Потоа пишував за како сум ја напишал.

 

Сега ми останува само приказната за пишувањето.

Други приказни веќе не се случуваат.

 

Останаа во залезот на детството.

 

Превод: Никола Ѓелинчески