Ако е вистина, Хлорис, дека ме сакаш,

тогаш извини, но комплетно не знам што да направам

со таквите прашања, како гладот во светот,

дека папата не им дозволува на Црнците да користат

презервативи, дека екранот на крајот гасне,

а гаснејќи се, обелоденува дека не е врата. Дека фотографите

се убиваат поради сликите кои ги направиле.

Иако светлото било неверојатно, се убаваат.

 

Ако е вистина, Хлорис, дека ме сакаш,

тогаш дури и не знам што да направам со тоа морето,

кое преместувајќи се, голта неподносливи пци,

случајни деца, бродови со нивните капетани,

градови, земји, светови. Пливам во тоа море

додека пливам кон тебе, Хлорис. Ако ме сакаш,

кажи ми, што да направам,

кога ќе сфатам, дека пливам во него, а веќе не те сакам.

 

 

Превод: Ѕвонко Димоски