на прегрнатите љубовницп им го претпочитам
еден пес од помпеја. тој сигурно потскокнувал
во близина на форумот во потрага по некоја коска
кога везув се струполил врз него, побрз од неговите движења,

за да го опфати во калап од камен;
упорно продолжувам да го гледам како мршаво нечисто животно,
што страда од хронична изгладнетост. тој брзо поминал
покрај перистилите, незаинтересиран за луксузот, за подмитувањето,

за астрологијата, и никогаш од триклиниумите
не му паднало парче отровно месо, никогаш не станал
симболично животно, ниту мит што лае.
никогаш не е најден при ископувањата, а сепак тука станува збор за него.

тоа беше куче, just a dog, покриено со болви,
што креваше нога како сите кучиња,
лаејќи и касајќи кога тоа беше неопходно.
тој го прифаќаше животот од ден на ден и, дел од таа улична
фауна, запалените кучки.

сигурно постоел врз натписот cave canem на една мала плочка,
без трубите на историјата, и преживеал само
во книгите со исчистениот латински, меѓу
галската војна и неколкуте имиња на богови.

јас опејувам еден пес без своја басна и без педигре, кој не ја избегнал својата судбина,
едно обично измелезено куче, кое му припаѓало да речеме на плиниј
постариот кој, попатно речено, умрел тука во близина,
можеби врескајќи, неколку дена потоа.

,,вие сте еден асптрактен мислител”, ми вели клое, со златеста коса, изнервирана
„да” и одговарам претпазливо, „но ги има толку многу други.
и љубовта на смртта се секогаш добар повод за размислување“
а потоа додавам: „па што? дали тоа ќе му помогне на кучето?“