Целевме да те зачуваме каква што беше

во океанот.

Ридест остров никна од пукнатината,

распарчен, нашиот свет беше мал и далечен

во разиграните сенки.

Ја собравме сета морска вода, а ти природно се формира

со најбогатите минерали

кога на крај сѐ испари.

 

Водениот часовник капеше,

сонцето ти ги набљудуваше капките време.

Лавиринтот, внимавајте,

не е ништо друго туку начин да се однесе

ова тело од еден свет до следниот.

 

Како се дига петицата!

Како се свива стапалото!

 

 

Невидена се смени во нешто сосем друго

од она што го знаевме.

Точно заради тоа што те добиваме

секој ден срцето бие во константа.

 

Превод: Ана Топенчарова