Решив
да направам клуч за тебе
зада те имам
само за себе
но си ја извадив клучната коска
и боли под гипсот подболува
Ѕидовите во собата се растеглива хартија
која
е добра за вештачко цвеќе
со боја на колумбариум
Крилјата на прозорците
се горе
тој може
но не сака да лета
ти
одлета
а клучот
‘рѓосува
Превод: Никола Кукунеш