Во зачудувачкиот дел од нашата програма
девојка способна за најголемата суровост,
да го обои кучето со масло, да спие
со три момчиња истовремено, од кои со едното во главата,
гори во пеколот.

Кога ќе го притиснуваш копчето, те молам не заборавај
дека никој никогаш не те сакал како јас
и дека никој толку силно како јас не копнеел да биде слободен
во твојот лик. Едноставно имав
свои ограничувања.

 

Превод: Звонко Димоски