Еднаш еден човек сретна прекрасна жена.

Се зедоа, им се роди дете,

зедоа куче кое роди

еден куп мали кученца.

 

Кога и да беше жената блиску,

кученцата лаеја.

Го молеше мажот

да ги отепа. Тој одби,

едно кученце лавна.

 

Скокна таа врз оградата,

се врати во својата природна форма

на лисица.

 

Човекот силно си ја љубеше жената,

ја молеше, се колнеше

дека нема да ја заборави,

Дојди спиј, на што таа се согласи.

 

 

Превод: Ана Топенчарова