На крајот, фала богу, се венча
за себеси. Само на матично, без многу лигавење, другар
ил два, новинар од Мирор, старата симпатија
од минатото, келнер со кочан вода;
неговите разцвилени родители, малку збунети, шараа со поглед,
збунети зашто свршувачката не била објавена.

Свештеничката беше неодредена, зборовите ѝ оставија таинствено
ехо, брзо си замина. Никој не прозборе. На крајот, тој се испрати
самиот во брачниот апартман; тремосан, потпивнат,
седеше на работ од единечниот кревет и црвенееше од срам.

Превод: Елида Бахтијароска