Режими на перцепција: меѓу каналите.

Денови без збор, години, времиња.

Векови на цртање со јаглен, изгорена сиена на карпата.

Немирни гребнатинки. Силуети на несмасни фигури.

Сплет на линии (животни во движење).

Илјадогодишни зборови: обвиткување на зборовите околу телата,

бичување на телата, сулуети на немасни реченици.

Зад нив простор.

Затишје… и напад на бучни слики. Да се руши. Да се поврзе.

Да се преправаме дека разбираме.

Рака за радост: да се црта.

Рака.

Рака: да се преживее, да се убие.

Уста за глас (да се игра, да се лаже). Да се отвора. За друг.

Еднаков кон еднаквиот (Пикасо во пештерата). И мостови!

За себеси. За друг.

 

 

Превод од словачки: Славица Гаџова Свидерска