Режимот нареди да го обезглават, легално и пристојно,
оти напишал нехармонични стихови и бодрел
против нашиот христијански начин на живот.

Сега, строги професори му ги рушат зборовите,
му ги черечат текстовите, му ги секцираат слоговите,
за да ја покажат хармонијата на неговите стихови
и неговиот христијански начин на живот.

Повторно го убиваат.

Овој пат, нелегално и непристојно.

Превод: Никола Ѓелинчески