Некаде околу деветти јули

престанав да распознавам што е стварност.

Им реков дека не знам што се случило.

Дека можеби се случило нешто што не се сеќавам.

Дури и она на што се сеќавам е матно.

Исечоци од сосема обични нешта:

капут, куче, каллива вода,

заплеткано време.

 

Кога ја тргнаа витрината,

зад неа имаше врата: Несоодветна,

метална, обложена во долниот дел.

 

Тогаш сфатив дека фотографиите

залепени на дното на фиоката

не сум ги ставила јас

Ни ракописот не беше мој.

Видов дека зад вратата

има уште едни скали и уште една врата

и таму живееја оние

што ги сретнував

во пивницата.

 

Кога се свртев,

од темниот стан исчезнаа мажите

со униформи, таму стоеше таа,

како да била таму отсекогаш, сето тоа време.

Направив ли нешто лошо?

Ми направија ли нешто лошо?

На крајот на ходникот

го обеси седмото огледало.

 

Превод од словачки: Славица Гаџова Свидерска