„Годинава ќе имаме студена зима“ – вели тој,

Небаре искуството од долгогодишниот престој на север го научило

На посеопфатно преживување: Наскоро не ќе биде ограничен на тоа

Како да се грижи за боите и перспективите на сликарското платно

Вон прозорецот, туку на внатрешното небо со кревок блесок

И обвиениот со нов снег покрив. „Не ми текна

Дека денес треба да облечам ветровка; Умот што вчера ми беше осветлен,

Насекаде се движеше.“ Има само еден голем мачор што се вика Палавко,

Која е вон нијансите и температурата отаде прозорецот, и покрај тоа што

Црцорот на сјатените птици му го привлече погледот

И предизвика серија штрекнувања и подрипнувања.

Јас, пак, болен мислам на патувачите,

А телото среде болки чиниш може да ги урамнотежи болките во срцето

Подгледнувајќи го снегот на гранките, кои ја знаат

Тежината на тој неканет гостин заедно со силината на ветрот.

Тајновитоста на природниот свет секогаш лежи во симетријата:

Погледни, следниот ден престана да снежи,

А пет-шест врапчиња длабат нешто на покривот,

Сакајќи под снегот да си го најдат домот;

На гранките, пак, здив од ветрец предизвика мала лавина,

Додека бојата на лисјето уште е златно-зеленикава.

Сепак, треба на сѐ да се прилагодиме, а не да се грижиме.

 

 

Превод: Игор Радев