Нежно ја соблекуваш јаболката.

Ја превртуваш в раце

одново и одново.

Ножот ти е остaр.

Фустанот ѝ се дипли во спирала

околу нозете.

Разголената белина

ѝ е ослепителна.

Првин ѝ ја пробаш свежината

со усните.

Потем си ги забиваш забите

во крцкавото месо

и слаткоста нејзина ти бликнува

по непцето.

Сега си веќе побрз,

не си присебен.

Касаш и голташ.

Сѐ подлабоко.

Ја вртиш и касаш,

касаш и ја вртиш.

Додека ѝ стигнеш до срцето.

Тоа е лушпесто

и семчесто.

Го отфрлаш –

Огризокот.