Тука,

со мене живее таа Овената Душа

без зборови,

без дела,

без гестови,

покрај води,

скриен зад зеленилото

како молкот зад смртта

во мене живееш, еј Овената Душo

што го колне Времето,

и соништата на татковците за една употреба.

 

Пружам рака таговно,

душо,

допирам само Природа,

а не и настојчивата рака на мажот,

пружам рака

допирам само Природа,

најгрубото чувство на осамениот.

 

Уште верувам дека Сонцето

пече слатко лепче од глина,

силата омекнува,

умот испарува, чади,

чувството повраќа

 

од миризбата на човечката статуетката на прагот;

додека се преродува во Април

 

и не му се плашам толку

на рапсодичното бело ќече,

на планинецот

додека наивно се појавува во мене, –

… гусла…, глас…, кларинет…

академската капа ставена на глава –

волнен презерватив за мозокот

се чувам,

се плашам

како живот