Зад коралните гребени
на пустото море и светлата што искрат
каде развигорот и птицата во воздухот
го навестуваат посакуваниот брег
каде што владее scuba
diving хармонијата
каде бамбусовите сплавови од Виетнам
го минуваат океанот во потрага по леб
и штом ќе ја видат пеперугата ја паметат
засекогаш секоја нејзина пора
која дише во боите што навираат
затоа што тоа е знак дека брегот е близу
и дека нема да се удават или
да умрат од жед.

Таму зад подморјето
на скаменетата лава
лежи Австралија.

 

Превод: Никола Кукунеш