Се видов себеси меѓу мртвите,
како си го кријам лицето под чадор на дождот,
во црна наметка,
како вечерна сенка.

Сакав да запеам песна, чудна песна
за коњи, кранови и бродови,
проста песна без цвеќиња и птици,
без изгрејсонца и љубовни случки.

Но усните ми беа зашиени цврсто;
ушите, полни со земја.

Потоа, ненадејно, сонцето изгреа.

Препев од англиски јазик: Зоран Анчевски