Како што бевме млади и здрави
и вечни,
се шегувавме со смртта,
па не осетивме како таа ни се провре
меѓу нас
како сенка на облак
и одеднаш стана вистинска.
Не ѝ го видовме лицето,
само знаевме
дека е тука
и дека нема чувство за хумор.

Превод: Богомил Ѓузел