Го избра разбојништвото.

Или може се работи за некаков железен повик?

Како секое човечко суштество и тој си има ќефови.

Ете досега сакал да напаѓа само жени.

 

Сите, не многу и секоја на свој начин,

си го трошеле телото

(иако секако не е лесно да се оддели губитокот од добивката).

Изгледа ниедна не ја собира во неговата постела.

На едните им стрчи главата (и однатре и однадвор),

на другите нозете.

Или пак не одговараат на точната мера.

 

Така, безброј пати,

принуден е да ги крати или да ги издолжува.

 

А грешката, едноставно, да не е во постелата?

 

Превод: Никола Ѓелинчески