Стигна времето толку стравотно.
Со првите сенки на самракот
се сместува крај познатите патчиња.
Залудно го чека чекорот на нови жртви.

Тие одбрале
(има ли друго објаснување?)
скратени патчиња, а тој мора да ги открие.
Но неговиот чекор е сè побавен,
може не му гледаат очите?
Излишно е да се зборува за неговата глувост.

Истрајност пред сè: да не се изгуби надеж.

Му останало нешто од неговата несигурна мудрост:
Да се врати уморен и совладан од сонот
(што е можно подоцна)
за да не мисли и веќе заспан да се спружи
врз неговата ветва постела.

Превод: Никола Ѓелинчески