Не си замислуваш јазик никаков –
А муграта небаре рана избива на твоите усни.
Твојата уста се отвора, сал збор еден крвави
Дур денот изминува.

Ливче цветно: во домот на заборавот тонеш.
Листови наземи и сенки на лисја од крошни дрвја
Онаму каде патот се испразнува. На ноќта
Не ѝ требаат ѕвезди.

Траги в песок оставаат твоите лисја,
Еден збор сè уште содржи
Светлина:
Ништо не е изгубено.

Превод: Наташа Сарџоска