Стоев уште еднаш во таа градина
продадена, напуштена и
обрасната

Во сонот можев
да гледам низ земјата, да ги видам
компирите свиени ко сиви ларви
како ротквиците ги пикаат надолу
нивните месести муциња, цвеклата
пулсираат бавно како срце на водоземец

Околу нозете
ми никнеа јаготки, големи
и сјајни

Кога се наведнав
да ги скинам, рацете
ми поцрвенеа и се навлажнија

Во сонот си реков,
требаше да знам дека
сè што ќе се посади тука
ќе израсне крваво

 

Превод: Зоран Анчевски