Не го знаевме тоа море преполно
Со стравот на нашите мајки, сè додека не ја подигна
главата своја високо и не ги изеде стапалата на татковината…
Во близината на куќите наши удри
И ги фрли врз нас своите бранови полни
Со катран црн
И ги зеде нашите риби.
Рекоа војна се наближува
Не дојде со војници
Туку на нас го испрати своето оружје
Знаевме дека битката може да нè убие
И без да стапне на тлото наше.
Стариците се молеа на Бога нафтата да умре
А светот се молеше Бог да не им ги послуша молитвите.

 

Превод: Афаф Елмради