Престорени во стрели
да одиме сите, со тело и душа!
Воздухот го прободуваме
да одиме, со тело и душа
Нема враќање
прободени тука
гниеме од болката на погодување дома
никогаш да не се вратиме.

Последен здив! Сега, да летнеме од жицата на лакот,
фрлајќи ко да е крпиште
сѐ што сме имале низ годините
сѐ што сме уживале низ годините
сѐ што сме натрупале низ годините
среќата
и сѐ друго.
Престорени во стрели,
да летнеме сите, со тело и душа!

Воздухот вреска! Воздухот го прободуваме,
да летнеме со тело и душа.
Во мрачната дневна светлост, метата ита кон нас.
Конечно, дури метата паѓа
во пороен крвав дожд
ајде сите барем еднаш како стрели
да крвариме.

Никогаш да не се вратиме!
Никогаш да не се вратиме!

Поздрав, храбри стрели, стрели народни!
Поздрав, Воини! Духови на паднатите!

Препев: Горјан Костовски