Црквата останува на погребувањето тела,

објаснувајќи дека самиот Исус сакал да биде

погребан. Секако, нели требаше

да воскреснам, а не да се препородам

од пепелта како феникс, вели Исус,

но тоа не значи дека другите не можат

да се препородуваат од пепелта како феникс,

вели Исус и навистина е

pissed off на таа глупава Црква.

Како феникс. За четири часа

ќе те видам, што и да

стане, ќе те видам

за три часа.

 

Превод: Ѕвонко Димоски