Кој доаѓа да се дави во твоите очи
кога јас сум далеку
а рацете не ми помагаат да се вратам.
Моите прсти по твоето тело
одмараат како низами
оииии, оииии
Потните победи во ноќта
се забораваат в мугри
кога ти прва излегуваш од смртта
за да ми го стоплиш кафето
без кое јас спијам
или умирам.

 

Превод: Ресул Шабани