УБАВИНАТА ШТО ЈА ИМАШ, не онаа што ја даваш

Ја срозува вечноста во моите очи.

Под дрвјата, од сенката што природата ја допушта,

Ги чувствувам твоите лесни прсти како се потпираат на мојот тил.

Твоите тенки усни – твојата кожа –

Мојот глас го растураат: мигови на попладнето.

Над моите гради испружена ја исфрлаш твојата сенка, твоите коси,

Убавината што ја имаш: минлива е и доволна ми е.

 

 

Превод: Наташа Сарџоска