Некаде лае куче,

ударот од искршено стакло,

придушен врисок и тогаш,

јадранската тишина.

 

Некаде дете, замавнувајќи со правоаголник

од пченка во мозаичната темнина

методично свети и прави крукчиња

во браздата со вода.

 

Два воза некаде се врстуваат,

линија од жилет минува по таванот

грнчаријата тактично

трепери, запрежна кола

две села подолу, трапаво

по пат за Костолац.

 

Некаде ништо не се менува,

освен што два облака се разделиле

да ѝ овозможат на месечината во вис

поглед во прозорецот од првиот кат,

каде една жена се ведне нанапред,

го разгледува аголот пак, повлечена

во костумосана мафија

која секој миг може да се појави.

 

Превод: Елида Бахтијароска