Замајана сум од влажноста на плажата

А мислите ми се како и моите очи збунети од облаците виснати

На далечното небо…

Сфаќам дека не можам да одам по трагата

на моите ситни детали

Или да зјапам во твоите очи

А прстите ми треперат

Кога ме прашуваш

Дали ме излекувале тој ден

Но ти не чекаш на одговор

Нити ја забележуваш долгата тишина

Која ги следи твоите прашања

Туку само потпивнуваш од твоето кафе

Занесен во лицата на непознатите

И делчето месечина што останало од сношти.

 

Зјапаш во песочните бранови

Расеан во космосот на мечти

И урнатините на домови

Кои нашите души ги напуштиле

Ми се врти во главата од жештината на немирот

Цврсто се држам за мислата да избегам

А срцето ми се штрека оти насетува отсуство.

Гранките на самотијата треперат

од стравот на исчекувањето

а јас не можам да ѝ понудам

голтка утеха

или барем молитва до небесата

да ѝ ја наврне косата…

 

Превод: Никола Ѓелинчески