Љубовта во твоите заби обесена како срна
уште со млако дишење.
Пердувите забиени в месо, долги стрели.

Беше птица или гнездо.

Птици со пердуви в тело?
Или покрив со ќерамиди?

Наострени, добро исковани,
па што, ако се облечени со меки здолништа.

Меѓу небото и земјата
постои една точка
која ќе се вика птица.
Никој нема да умре молкум
додека јас тежнеам
откај живите.
Ништо нема да е попусто додека постојам.

Боже!

Ти што умееш да добиеш секаков облик
и збор што си!
Ти што умееш само да подаруваш
и облици на подароци за срцата.

Боже!

Можеш ли птица да станеш?
Можеш ли ноќе да се разбудиш со клун да чистиш                                                                                                                   сè, што се родило нежно,
грубо,
меко и тврдо
особено?

Двајца луѓе што можат да направат нешто во животот.
Двајца луѓе што нешто можеа да направат со говор,
со пишување,
легнати,
седнати
или просто одејќи…

Една срна со млака крв уште ги чека…

И со љубовта меѓу заби…

 

Превод: Ресул Шабани