Мрачен ден над кадравото море
Да здивнеме. Сите измисли да стлеат.
Пред ручек раце да измиеме според
адетот на прокураторот на Јудеја.
Свесен сум дека ова е дребнава шега,
но и дребната шега има дребна виспmа,
ама е посвежа од липсана патка, шrо сега
завиткана во весникот гние замирисана.
Гледајќи на сивото јагнешко крзно,
тешко е величието на Посејдон да го замислам,
сниска пералка да претставам е полесно,
на која рубата над леrенот И капе зачестено.
И под овие солзи и на ветре благиот повеј,
како да не си приспомнам на идеалистот –
кој беше третина, или дУРИ четвртина човек.
Тоа ја означува датата на братоубиството,
а значи, се разбира, и на самоубиството,
не сметајќи ги споровите со Отецот и Духот.
И сега не е добро во засолн да седиш кротко,
Иако не е тешко на мевот по чакал да лизгаш.
Оти и Тој по брег минел и го видел лебот и тлото,
и едрото на лотката што плива,
а значи, и Тој не е случаен закрилник
на вечниот подвиг во кусиот наш живот.
Тоа значи, дека и Тој сфатил се што ќе се збидне
– се што светлоста ќе ја замаm –
матноста и тмурноста на сека водица ја провидел
низ сјајот на ослепителниот Генисарет.
Пpeвод: Чедо Цветановски