I

Благословено да е младенчето
од чијашто кожа
ми се направени чевливе.

Благословен да е касапот,
кожарот и чевларот,

малите раце на продавачката
кои ги ставија високите потпетици во темнозелена кутија
во дуќан по тесните улички на стариот град.

Благословено да е младенчето
од чијашто кожа
ми се направени чевливе.

Чевливе што ме донесоа кај тебе.

II

Проклет да си.

Превод од англиски јазик Ана Топенчарова Коваческа