Еднаш за појадок ти претставив
плишено мече. Го запознав со
црното кафе и со тебе.
Од толку многу благост
прозорите затропаа и заиграа.
Одвај собрав храброст за до тебе
на дишењето на столот.
Каде нејзиното здолниште порано тебе те
грабеше, твојот здив и втренчените очи.
Пробај само, рече ти, гладот ќе нè научи.
Па така си ги стиснав усните на сувите прозори.
На тој начин го исчистив работ
од твојата куќа на мојата страна.

 

Препев од англиски јазик: Елида Бахтијаровска