Гавраните летаат во јата
орелот лета сам
– Лучино Висконти

орелот лета
толку близу до небото

осамен
како поетот

кој трпеливо го чека
доаѓаwето на стихот

додека перото
најпосле не исчкрта неколку реда

сè уште сомневајќи се
во смислата

во бескорисноста
на именувањето.