Зарем ништо не се сменило?
Газиени лампи и факли го фаќаат
изговореното среде лет,
го спречуваат да стигне до

месечината: на жегата веќе го испеале птиците.

Сега е испечено на сонцето.
Прекорено до коска
но не крие ништо.
Сигурно нè прави будали.

Не си знае кој му е гревот,
само дека ужува во бонусите
на четирите годишни времиња…
и во диплите на мирните плажи –
Никој не ти кажува дали да потонеш

или да пливаш.

А сега првите бранови на сенката
се тркалаат преку плоштадот. Пожарната си отиде
а месечината е белилото на Пјеро.
Наутро ќе има реченица;
конечно цела реченица –

како нештата да се различни кога ќе се изговорат
од она што повеќе или помалку се знае.