Ќе дојде повторно владеењето на Французите
Големото Ритерство ќе се трогне пак
и ќе испрати нов, лош крал
кон Светата земја, но на полпат бој ќе биде
и во Непоразлива Битка
сите ќе умрат, тие, и непријателот
Истовремено на земјата ќе се слушне
ноќеска грмеше и врнеше:
До вторник, според прогнозата
Дојде владеењето на Французите.

Французи, а подразбираме минато,
Готика, режим Ансиен, Терор.
Нивниот неповторлив стил
Човекот живееше и умре само еднаш,
Но под Готика, под режим Ансиен, под Терор
Ги разбираме Црквата, Дворската градина
И ужасните Гасни комори
И еден ден ќе ги заборавиме. Тука е крајот.
Градината, црквата и комората еден ден
Убав, топол, неделен, на пладневна светлина
Ќе се претвори во недопирлива куќа покрај По,
Со кола на лик од стар поп во дворот,
И годината 1938, засекогаш

Година на раѓањето на нашата мајка
Големата црпалка исчезна
На долга минута во бујонот пред ручек.
Долго попладне нѐ чека
Сега нема знаци, се стишија,
И не се стресуваме кога ноќе
Крошната на нашето здравје се ниша на ветрот
Оти самите сме станале шума, а во куќата
Шушка само празен екран, морето
А на местото на животот земен
Една голема алеја како густеж темен, и ништото.

 

препев од унгарски: Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов