Човекот создава градови
под световите,
поп девојки кои зборуваат англиски,
подјазични падобранци.

Повеќе нема лек, нема виножито
за киселиот дожд од невработените

Препарирањето е новата религија
на оние кои го напуштила демократијата

Светот секогаш подобро се грижи за своите мртви,
тие се појавуваат во документарци
со скапаните заби,
објаснувајќи ја со сопствени зборови
иднината на видовите.