Шанкерката на комплексот, Лена,
пуши накрепена на касата од вратата.

Низ завеса од дожд, поглед остар како нож го боде морето
Сечејќи риба уште неуловена.

Џебовите на нејзиниот накиснат скутник се празни –
Само што го врати клучот.

Острозаба риба го краси натписот на локалот –
Специјалитетот на куќата „уха“. Рибина чорба.

Звукот откај кујната кај што се сечат рибешки глави:
Сец, сец, сец….

Љубовницата на сопственикот ги брише рацете од фармерките –
мало душкало со коса во боја на сонцето.

Чантата на Лена со расипан патент
држи три млаки котлети –
Вечера за двете ќерки и за неа.

Последниот автобус накај дома тргнува за два часа.

Превод од англиски јазик Ана Топенчарова Коваческа