Само трудот, само напор
телото го јакне.
Почин следи, копје в рака,
срцето, денот и сѐ така.

Ако се сомневаш:
види ги рибите и птиците.

Рибите не ја мразат водата.
Ако не си птица,
Нема да ги знаеш нејзините вистини.

Дали проникливиот ум само
служи да те полудува?
Искористи го својот нечист јазик
Да понудиш по некоја молитва на тишината.

 

* Молитва за помош од Богородица.

Превод: Ана Топенчарова