Ја препозна пролетта
по нејзиното зеленило
и по псалмите на птиците
толку високо во воздухот
и измисли работи
кои биле долго заборавени
обои слики
со треперлива светлина
не само на утринската роса
туку и на сонот

Од „Незасенчена светлина“

прев.Марија Петровска