Тоа не Харон 

што ги реди утробите една до друга

тоа е попладнево

на плоштадот

тоа е гласот од кој нема бегање

а пристигна преку жица

и очите

на иселеникот

руина плод што носи

во Новата Земја

 

Препев од француски јазик: Владимир Мартиновски