Моите мисли ce на друго место.
Како ливчиња од праска носени од потокот
тие заминаа кон други поднебја,
кон земји поинакви од човечкиот свет
Л и По

Сенките на ноќта
ги исфрлија своите пипала
ја одврзаа светлината
ја украдоа нафтата
темната ламба на надежта

која летна птица
му се спротивставува на молчењето
и зема од умот повеќе
отколку само немир?