Вилинското коњче е ангел паднат во немилост
што го кроти – неуморно – дивиот воздух.

Вилинското коњче е ќерка на хеликоптерот и на пчелата,
крајно необична врска.

Кога ни ги позајмува очите
можеме да видиме – преку ден – ѕвезди
со сина боја.

Со најмалиот звук,
врз белите ѕидови
нејзината мала сенка престрашува.