Глистата на заборавот
копа слепи тунели
во мекото месо на мозокот

битни или небитни работи
не прави разлика

– тие исчезнуваат

понекогаш
испливуваат на друго место

понекогаш
се губат засекогаш.