Веле Смилевски е роден 1949 година во Ново Село,Демирхисарско. Поет, литературен критичар и есеист. Доктор по филолошки науки. Работи како научен советник ви Институтот за македонска литература и е професор на Студиите по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Бил уредник во издавачката куќа „Мисла“ и на списанието „Разгледи“.

Автори е на поетските книги: „ Слика што согорува“, „Кафез“, „Диши длабоко“ „Одѕив на здивот“, „Гребнатинки“ и други.